Оваа есен, од 15 септември најавена е Контролата на квалитет во Друштвата за вршење на сметководствени работи ДВСР (СБ). За да биде пресијата врз С/ОС уште поголема, наведени се бројни барања и постапки (според списокот на документи што колегите кои ќе бидат предмет на контрола ни потврдија дека ќе бидат барани цели на контролата), а кои согласно нашите согледувања целосно излегуваат надвор од рамките на Законот за ВСР.
ИСОС треба да исполни повеќе претпоставки пред да спроведува контрола:
*** Да усвои во форма на процедура која мора да биде во рамки на ЗВСР, потоа да,постави и објави на својата ВЕБ страница:
1. МЕТОДОЛОГИЈА за контрола;
2. ПРАГ на контрола по вид и големина на ДВСР;
3. ЗАПИСНИК од Контролата – образец, кој мора да е валидизиран;
4. КОНТРОЛОРИ во ИСОС, со стручна обука и стекнат сертификат;
5. ОБРАСЦИ-теркови за сите интерни политики кои се наведени во листата;
6. Правилник за мерки кои се однесуваат за заштита на лични податоци при вршењето на контролата од страна на контролорите, со соодветни казни, бидејќи според кодексот на етика, контролата навлегува во принципот на тајност и интегритет на компаниите.
7. Правилник за доверливост и начин за согласност за контрола на трговските книги и биланси на трговските друштва кои ги води СБ, а предмет на контрола.
За многу од овие проширени и продлабочени позиции во рамки на кои согласно кажувањата на колегите треба дасе спроведе контролата, како пто е моментално замислена од страна на органите на ИСОС, не постои валидна основа во одредбите во ЗВСР, со што самиот акт на ваква контрола е противзаконски, бидејќи е излезен од рамките на основниот закон – ЗВСР.
Така, ова е повторно чин на самоволие без консултации со поширокото членство на ИСОС, а преку подружниците, кои се маргинализирани од страна на органите на ИСОС.
Но за активностите кои ги превземаше Управниот Одбор треба да се потсетиме на првиот Акт на самоволие, со познатиот измислен противуставен и незаконит Правилник, кој не произлезе од обврските наведени во одредбите на ЗВСР, поради што Уставниот суд, го спречи незаконитото работење по истиот и го укина.
Но, до неговото укинување, период од речиси 1 година, Правилникот се спроведуваше и направи и материјална штета на голем број С/ОС. Обештетување нема.
Одговорност, за стореното – НЕМА.
Повторно како втор чин на самоволие и тортура од страна на Управниот Одбор врз С/ОС, се спроведе во Јануари 2025, во два дела.
Првиот дел, бришење на С/ОС од регистарот во ИСОС и од ЦРРСМ, со казна во траење од 1 година за тековна 2025, но и ретроактивно (тотално незаконски) уште 1 година, за 2024, и тоа, непосредно пред поднесувањето годишните сметки за 2024 година, со што се оневозможи потпишувањето на годишните сметки за кои уредно се работело цела 2024 година. Сепак, на барање на Комората на сметководители и други С/ОС, со интервенција од страна Министерството за финансии, наметната пречка беше отстранета, но засегнатите С/ОС поминаа низ сериозен стрес, немир и неизвесност.
Вториот дел се однесува на енормно зголемување на цената на членарината, под изговор дека бројот на С/ОС се намалил, што не е точно, напротив, тој е зголемен. Изговорот се прошири дека зголемувањето на цената на чланарината се должи на потребата, враќање на паричните средства на СБ кои плаќале членарина како за правни лица, а не требало, заврши трагично со смислена опструкција, на начин што ИСОС, т.е. Управниот Одбор даде многу краток рок, време за пријавување за поврат на средствата од страна на ДВСР (СБ), во спротивно, се губи правото на поврат. Краткиот рок и штурото, бледо и манипулативното божемно информирање беше причина што не можеше да се дознае навреме за аплицирање. ИСОС (УО) ја донесе таа Одлука, која беше објавена во затворен дел од веб-страницата, крајно несериозно, неетички и со намера, информацијата да остане тајна. Впрочем, незаконски е, и тенденциозно, должникот (ИСОС) да поставува услови, а уште помалку рокови на правни лица, во случајов доверители за поврат на паричните средства. Со тоа, повторно, ДВСР и С/ОС во нив, како жртва на манипулациите и незаконското работење на Управниот Одбор, останаа оштетени.
Одговорност, за стореното – НЕМА.
Третиот чин на самоволие е Одлуката за КПУ, донесена во јуни 2025 година кога Советот за унапредување и надзор на сметководство (СУНС) беше без Претседател. С/ОС повторно беа изманипулирани од ИСОС со непризнавањето на законските различни видови и форми на КПУ. Сите барања на С/ОС за признавање на КПУ беа одбиени (претплата, обука, менторство, завршни сметки), а особено беа погодени С/ОС од внатрешноста кои немаа можност нивните обуки на студенти од средно економско образование да бидат признати како менторство под изговор дека не биле економисти.
Одговорност, за стореното – НЕМА.
Четвртиот чин на самоволие за малтретирање и тортура на С/ОС, што следи во наредниов период е, донесената, но необјавена Методологија на контролата на квалитет, без консултации со подружниците. Имено покрај другите, најистакната манипулација и противзаконско постапување во контролата на квалитет е делот во кој, предмет на контрола се и клиентите на ДВСР (СБ), што е незаконска постапка т.е. не постои ниту слична одредба во ЗВСР. Од една страна, бараме почитување на етичкиот кодекс, а од друга страна, грубо се крши принципот на доверливост. Повторно репресија и насилство од страна на ИСОС (УО).
Одговорност, за стореното – НЕМА.
ИСОС (УО) целосно, тотално ја запоставува и не ги организира подружниците т.е. ги држи во тотален мрак, за прашања кои се значајни за С/ОС и самостојно делува, неинформира, манипулира, дезинформира, крие. Собранието работи и одлучува без консултација со подружниците во екстремна тајност. Никој од претставниците во Собранието, не смее да дискутира со поширокото членство за прашања по кои се носат Одлуки, оти тоа било незаконски и казниво. Затоа се донесени противзаконски Акти и Одлуки. Трошат значајни финансиски средства, никој не знае каде и за што се трошат и дали се тие оправдани. Впрочем, зошто сеуште нема ниту еден квартален Извештај, кој според ЗВСР е должност да биде направен од страна на Надзорниот Одбор и објавен на ВЕБ страната на ИСОС. Нетранспарентност значи отворање на врата на голем сомнеж за незаконито работење. Тотална анархија од страна на Управниот одбор. ИСОС изгледа како да е приватна компанија во сопственост на УО на ИСОС.
Одговорност, за стореното – НЕМА.
Познатите прошетки со парите од С/ОС, никој не смее да ги одобрува или контролира, туку тие се лична одлука и задоволство на Претседателот на УО, а изборот за тоа, кој ќе придружува во прошетките, ќе зависи од тоа колку се некои од нив послушни и умни. Од прошетките С/ОС немаат никаква придобивка, дури ниту информација, содржина и сл. Ништо за нив не се објавува, објаснува на интернет страната. С/ОС немаат сознанија, тие се во мрак.
Одговорност, за стореното – НЕМА.
Се склучуваат Договори со надворешни соработници и се трошат значајни средства, по разни основи и сето тоа во целосна тајност без објава на тендер или минимум 3 Понуди, тотално незаконски и без да се помине преку сите тела за консултации и донесување одлуки за истото. Никој не знае, каде и кај кого завршуваат парите на С/ОС.
Одговорност, за стореното – НЕМА.
Со големите финансиските ресурси што ги има ИСОС, очекувано беше дека сите донесени Акти ќе бидат напишани, разгледани и проверени од најдобрите правни тимови во земјата, но тоа не е случај. На каков тим адвокати се плаќаат огромни суми за проверка и консултација на донесени Акти кои Уставниот суд ги укинува.
Одговорност, за стореното – НЕМА.
Според Правилникот за контрола, контролата треба да биде во насока на совет, инструкции, упатства и насоки, но содржината на е-поштата за Контрола на квалитет испратена до ДВСР, е со заканувачка содржина од типот на дисциплински мерки. Наместо да обединува и подобрува во квалитет, цени, воведува ред во професијата, постапките кои ги превзема УО се спротивни на Правилникот и тоталитарно презентира извесна доза на мобинг врз ДВСР. Општ впечаток е дека Органите на ИСОС станаа марионета на самоволието на УО и Претседателот, кој спроведува тоталитаризам, а истовремено настапува со голема агресивност кон сите што мислат поинаку. Останува впечатокот дека се применува агресивна стратегија за отстранување на се она што не им одговора.
Одговорност, за стореното – НЕМА.
При толку самоволие и тоталитаризам кога се нема појавено никаква одговорност, материјална, човечка, етичка и т.н., веројатно ИСОС е киднапиран од УО и Претседателот.
***
За разрешување на ваквите состојби во Институтот и прекине со незаконското работење, самоволието, репресиите и тоталитаризмот, Комората на сметководители, бара од одговорните (членовите на Управниот Одбор и Претседателот), да се поднесат оставки од функциите.





