back to top

За Комората
CAM

За што се залага Комората?

Комората на сметководители на Македонија е единствено активно коморно здружување на сметководствената бизнис заедница кај нас!

Членството во комората е на комплетно доброволна основа и се базира на солидарност, јасно дефинирање па потоа застапување и заштита на интересите на фелата, унапредување на размената на знаења, воспоставување на добри деловни практики и издигнувањето на професијата на нивото кое го заслужува како “нервен систем” на целата економија.

За што конкретно се залагаме и зошто би сакале да ни пристапите и да станете член на Комората?

Во продолжение ќе се осврнеме на нашите главни стратешки цели и причините поради кои би сакале да се зачлените.

  • Ние сме гласот на бизнис заедницата кога се носат нови или се менуваат постоечки законски решенија

    Во нашето досегашно делување континуирано се залагаме за гласот на сметководствената бизнис заедница да биде чуен и интересите на сметководителите да бидат застапени секогаш кога се носат законски измени во областа на сметководството, финансиите и даноците. Комората била активен учесник и е редовно повикувана да делегира преставници при носењето на нови законски решенија или измени и дополнувања во постоечките закони во областите кои го засегаат работењето на сметководителите.

  • Комуникација со институциите

    Комората одржува постојана комуникација со Централниот Регистар на Македонија, Управата за јавни приходи и останатите релевантни институции кои се корисници на финансиските и даночни извештаи кои сметководителите ги подготвуваат во секојдневното работење и со кои колегите доаѓаат во контакт при извршувањето на дополнителни несметководсвени работи.

  • Барања за одлагања на рокови за финансиски и даночни извештаи

    Во насока на подобрување на квалитетот на финансиското и даночното известување, како и заради заштита на дигнитетот на колегите ние секогаш се бориме за продолжување на роковите за финансиско и даночно известување кои кај нас се меѓу најригидните во Европа и по наша иницијатива имало безброј одложувања на крајни рокови за разни поднесоци до сега.

СТАНЕТЕ ЧЛЕН
ЧЛАНАРИНА

Кој може да стане член на Комората?

Член на Комората може да стане секој регистриран правен субјект кој има основна дејност вршење на сметководствен работи, се занимава со давање на економски и даночен консалтинг, дава услуги на полето на финансиското советување или кој има вработени сметководители или има организиран оддел за сметководство во рамки на претпријатието.

Членови освен правни субјекти може да станат и физички лица - вршители на дејност или трговци поединци, доколку се занимаваат со некоја од претходно споменатите активности.

Задолжувањето за членарини почнува на наредниот квартал по последниот ден од кварталот во кој субјектот се зачленува.

Се што треба за да станете член е да да го пополните формуларот до нашата Веб страница.