На 12.12.2025 се одржа панел-дискусија на тема „Креирање политики, не само извештаи – Редефинирање на сметководствената професија“, во организација на Комората на сметководители на Македонија.
Настанот беше посветен на улогата на сметководствената професија во економскиот систем, предизвиците со кои се соочува фелата, дигитализацијата, институционалната поддршка и потребата од достоинствено вреднување на трудот.
Со воведни обраќања се обратија м-р Благоја Грозданов, претседател на Комората на сметководители на Македонија, и Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд, кои ја нагласија важноста на сметководителите како клучни партнери во креирањето економски политики и стабилен деловен амбиент.
Во рамки на панел-дискусијата учествуваа:
- Д-р Анита Стамнова, директор на Централниот регистар,
- Проф. д-р Лазар Јовевски, професор на Правен факултет и советник за труд и социјална политика на претседателот на Владата,
- Д-р Дејан Станков, директор на Државниот завод за статистика,
- М-р Елена Петрова, директор на Управата за јавни приходи,
- Д-р Дарко Дачевски, претседател на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија.








Настанот го модерираше Александра Иванова, член на Управниот одбор на Комората на сметководители на Македонија, низ чии поставени прашања и изведени заклучоци се водеше значајна дискусија поврзана со секојдневните предизвици на сметководителите, борбата против сивата економија, квалитетот на финансиските извештаи, дигитализацијата на институциите, даночната усогласеност, вреднувањето на сметководствените услуги и улогата на професионалните тела во заштита и унапредување на фелата.
На крајот на дискусијата беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Централниот регистар и Комората не сметководители, со цел продлабочување на заедничките заложби и активности.
Комората на сметководители на Македонија останува посветена на иницирање дијалог, јакнење на професијата и унапредување на институционалната соработка во насока на создавање поефикасна и достоинствено вреднувана сметководствена дејност.






