Комората на сметководители на Македонија на конференцијата по повод 81 година од постоењето на Државниот завод за статистика Претставници на Комората на сметководители на Македонија денес присуствуваа на конференцијата организирана по повод одбележувањето на 81 година од постоењето на Државниот завод за статистика.

По тој повод, упатуваме искрени честитки до раководството и вработените во Државниот завод за статистика за нивниот долгогодишен придонес во обезбедувањето навремени, точни и релевантни статистички податоци, кои претставуваат значајна основа за носење економски политики, деловни одлуки и развој на општеството во целина.

На Заводот му посакуваме уште многу успешни години работа, континуиран развој и јакнење на институционалните капацитети, како и понатамошно продлабочување на соработката со Комората на сметководители на Македонија во интерес на унапредувањето на финансиското известување, статистиката и економскиот развој на државата.

Честит 81-ви роденден на Државниот завод за статистика!