На 17.12.2024 во просториите на Државниот завод за статистика (ДЗС) претседателот на Комората м-р Благоја Грозданов и членот на УО г-ѓа Маја Петревска одржаа состанок за претставници на ДЗС на кој беа дискутирани поединости и детали околу новата НКД Рев 2.1 објавена во Службен весник 35 од 14.2.2024 која ќе се применува од 1.1.2025.

На следниот линк може да најдете корисни информации, вклучително и Excel фајл со коресподентна табела со споредба меѓу старите и новите шифри на дејност (споредба на односите меѓу шифрите од НКД Рев 2 и НКД Рев 2.1): https://www.stat.gov.mk/Nacionalni_Klasifikacii2.aspx?rbr=1

Ажурирање на соодветни шифри на дејност е од собено значење кај стопанските субјекти кај кои лиценците за вршење на дејност се поврзани со конкретна шифра пропишана од соодветно регулаторно тело. Затоа комуницирање на новата класификација до сите засегнати страни заради благовремено транспонирање од стара кон нова шифра на дејност со поднесокот на годишните сметки за 2024 година е од особена важност. Презентацијата со детали околу класификацијата ќе ја најдете подолу.