Почитувани,
Владата на Република Северна Македонија, на 14-тата седница одржана на 9 април 2024 год, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) за неработни денови поради распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.
Владата, согласно информацијата, донесе заклучоци со коишто ги определи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда), за неработни денови, за сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија и притоа им препорача на работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Северна Македонија, да ги спроведат овие заклучоци.
Меѓутоа, на својата 16-та седница одржана на 16 април 2024 год„, Владата ги преиначи заклучоците и одлучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) ќе бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат Согласно последната одлука на Владата, наведените денови ќе имаат правен режим како секој друг неработен ден (како недела, односно празник) и за работа на овие денови на работникот треба да му се исплати соодветен додаток на плата, како и да се извести Државниот инспекторат за труд.
Со почит
МТСП