Во текот на вчерашниот ден Комората поднесе барање за информација и појаснување за утрешниот неработен ден поради одржување на изборите, поради што Државниот пазарен инспекторат денес објави соопштение.
Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на Шестнаесеттата седница одржана на 16 април 2024 година деновите 24 април 2024 година (среда)и 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат. За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали Заклучокот на Техничката Влада се почитува од страна на работодавачите