На 01.11.2024 во просториите на Државниот завод за статистика (ДЗС) се одржа средба меѓу претставници на Заводот, предводени од директорот д-р Дејан Станков и делегација на Комората на сметководители на чело со претседателот м-р Благоја Грозданов.
Средбата беше помина во одлична атмосфера, се разговараше за проблемите со кои се соочуваат колегите и беа дадени низа конструктивни предлози за нивно премостување.
Заклучено беше дека интересите и целите на двете институции се целосно комплиментарни и дека од бенефит за двете институции би било продлабочување на соработката што би се формализирало преку потпишување на мемораднум за соработка и конституирање на работна група на која би се разгледувале конкретни прашања и проблеми во блиска иднина.
Една од главните цели кон кои се стремат двете организации е зголемувањето на квалитетот на податоците кои ДЗС ги собира и обработува од стопанството преку извештаите кои ги доставуваат колегите сметководители што може да се постигне преку поголема автоматизација на одредени процеси, ревизија на некои статистички извештаи, анулирање на потребата од внес на редундантни и повторливи податоци, намалување на обемот на извештаите, намалување на потребата за пополнување на извештаи и податоци кои може да се добијат од други канали наместо од стопанството (на пример од други државни институции) и евентуално пролонгирање на одредени рокови за поднесоци како би се дало подолго време за прибирање и обработка на релевантна документација на сметководителите.
Комората ќе излезе во пресрет на секој можен начин и со секој реурс кој и стои на располагање да помогне на колегите од ДЗС да ги извршат потребните ревизии на извештаите за собирање на податоци како би се исполниле гореспоменатите цели.
Во иднина следи конкретизирање на соработката и воспоставување на тековен дијалог во насока на решавање на идентификуваните проблеми.