Денеска во просториите на Министерството за финансии беше остварена средба меѓу претставници на Комората на сметководители и министерството.
На средбата присутен беше и Министерот за финансии, г-ѓа Гордана Димитриеска Кочоска.
Од страна на претставниците на Комората образложени беа корените на кризата во фелата и далекусежните последици по фелата, стопанството и даночниот систем од истата.
Претставниците на министерството се целосно свесни за сериозноста на ситуацијата и согласни со Комората во однос на неопходноста за итно решавањето на проблемите предизвикани од раководството на ИСОС.
Констатирано беше и дека надзорот над ИСОС за кој Советот за унапредување на сметководствената професија бил задолжен бил речиси целосно отсутен во минатиот период.
На наше огромно задоволство министерот за финансии изрази лична заложба за наоѓање на начин за излез од ситуацијата.
Комората продолжува да ја следи ситуацијата се до конечниит епилог.