До: Управа за јавни приходи

  • За г-ѓа Сања Лукаревска, директор

Почитувани,

Комора на сметководители на Македонија Ви се заблагодарува за досегашната соработка и се надева на интензивирање на истата во иднина.

Имајќи ја во предвид ситуацијата во државата во однос на Одлуките од 14 и 16 седница на Влада за неработни денови за приватниот сектор поради одржување на избори, дополнително и одредени реакции за повремена нефункционалност на системот на УјП во текот на вчерашниот ден, сметководителите повторно се соочуваат сот предизвик да го испочитуваат рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата за даночни периоди 01.01 до 31.03.2024 и 01.03 до 31.03.2024 година. Во таа насока Комора на сметководители на Македонија го поднесува ова барање до Вас за продожување на рокот за поднесување на ДДВ-О4 пријавата до 30.04.2024 година

Имајќи ја во предвид чувствителноста на ситуацијата а пред се зачувувањето на дигнитетот на сметководствената професија, Ве молиме во најкус можен рок за разгледување на истакнатото барање и доставување на соодветен одговор.

Комората на сметководители на Македонија во континуитет активно се залага за подобрување на состојбата на сметководствената професија и унапредување на соработката со сите релевантни институции поради што се надеваме дека нашето барање ќе наиде на разбирање од Ваша страна.

За дополнителни информации ви стоиме на располагање

Лица за контакт:

  • Благоја Грозданов, 070/221-165
  • Александра Иванова, 078/746-554
  • [email protected]

Во очекување на Вашиот одговор, однапред Ви благодариме