На работната средба на Комората одржана на 7.6.2024 од 16:30 до 18:30 на која покрај претседателот м-р Благоја Грозданов, присутни беа и членовите на УО: Александра Иванова, Маја Петревска, Бране Попоски, Марина Петрушева и Ѓорѓи Грковски како и членовите на НО Саше Раденковиќ, Шемије Сали, Весна Василевска и Тања Накевска.
Меѓу останатите точки кои беа разгледани, се дискутираше и во насока на координација и заземање на заеднички став во однос на последните активности на ИСОС, дефинирање на главни цели при комуникација со релевантни државни институции и со образовни институции во земјава и со сродни организации за здружување на сметководители во Европа, како и за идните активности на Комората.
Во однос на последните случувања во и околу ИСОС беа заземени следните заеднички ставови:
- Новиот Правилник за КПУ е комплетно нелегитимно донесен и истиот е репресивен и деградирачки кон членството и одржувачите на КПУ, ретрограден и во делови спротивен на самиот ЗВСР. Сите активности околу носење на истиот се комплетно непотребни во време кога сметководителиге се задушени со низа реални проблеми: екстремно ниски цени на услугите, сива економија, нефункционални институции, неефиканса администрација и сл.;
- Во интерес на С и ОС, Комората ќе предложи признавање на минимум 8, а максимум 16 часа годишно со самата претплата за годишни консалтинг услуги кај давателите на КПУ;
- Апсолутно неопходно е да се приоритизира носењето на акт за утврдување на критериуми и постапка за утврдување на минимален надомест на трошоци при давањето сметководствени услуги и предлагање на препорачани цени за сметководствени услуги, како и дефинирање на сметководствените услуги во најтесна смисла и дефинирање на опфат и надомест за дополнителните поврзани услуги од областа на даночно и финансиско известување. За жал констатирано е дека ИСОС воопшто не се интересира за оваа тема и се става во улога на репресивен орган кој дури од Статутот го исфрли параграфот согласно кој беше овозможено самиот Институт да донесе ваков акт;
- Фрапантно е комплетното отсуство на транспарентност во работењето на ИСОС, комплетната нефункционалност на подружниците кои треба да се основна клетка за препознавање на интересите на членството и нивна комуникација до органите, отсуството на какви било објавени годишни планови за финансиското и оперативното работење, нетранспарентноста при комуникација на финансирањето на преводот на сметководствените стандарди и нелегитимноста во постапката за избор и самиот состав на Собранието;
- Констатирано е дека управните органи на ИСОС во работењето и носењето на интерни акти воопшто не се доследни до ЗВСР и излегуваат надвор од делокругот на Законот со што дополнително репресивно делуваат кон членството притоа не држејќи се кон соодветна законска рамка;
- Загрижува нереагирањето на СУНС како законски коректив во однос на нерегуларностите и неправилностите кои се очигледни во работењето на ИСОС;
- Согласно последните достапни информации, ИСОС има апсорбирано прекумерни средства од членството. Имајќи предвид дека ИСОС не е профитна организација и имајќи ја предвид незавидната позиција на голем број од С и ОС во Македонија, Комората ќе предложи ослободување на членството од плаќање на членарини во претсојните 2 години или барем преполовување на сите членарини и трошоци. Дополнително, огромниот износ на акумулирани средства кај ИСОС стимулира неефикасно работење и негрижа за трошење на средствата на членовите.
Во однос на комуникацијата со релевантните државни институции како најважни беа идентификувани следните: МФ, УЈП, МЕ ЦРМ, како и други релевантни институции како ДЗС и НБРМ итн. За секоја од конкретните институции беа дефинирано главни цели чие остварување ќе се бара во комуникацијата со секоја од нив, во рамки на ингеренциите на секоја институција.
Дефинирана беше и потребата за комуникација со високообразовните институции заради поттикнување на развојот на кадар и мотивирање на младите да се вклучат во професијата.
Дополнително, договорено беше и да се остварат контакти со сродни организации од околината и пошироко заради размена на искуства во начин на организација на фелата и организација на заеднички средби и настани за размена на искуства.
Во однос на последната точка беа дискутирани повеќе идеи и предлози во насока на зголемена комуникација со колегите за дополнително идентификување на реалните проблеми и можните решенија.
Претседателот го затвори состанокот во 18:30.