На наше огромно задоволство на, 17.1.2025, во просториите на Државниот завод за статистика меморандум за соработка потпишаа Заводот и Комората на сметководители на Македонија.

Целта е формализација на добрата соработка преку заедничко учество на настани, конференции, обуки, меѓусебно консултирање при носење на релевантни одлуки и општо продлабочување на односите меѓу двете организации.

Меморандумот може да го погледнете подолу на страната.

Комората продолжува пред релевантните институции да ги застапува интересите на фелата на најдобар можен начин.

Сите колеги кои сакаат да станат дел од Комората, пристапница може да пополнат на следниот линк.