На 25.3.2025 на средба со претставници на ММФ и УЈП беа споделени ставовите на Комората во врска со борбата против сивата економија во Македонија.

Средбата помина во максимално конструктивна атмосфера и во динамичен дијалог со сите присутни и беа идентификувани низ причини за појавата на сивата економија како административни бариери за работа, отежнети бирократски процедури, парафискални давачки, непотребно комплицирани постапки и сл., и беа дадени предлози за решавање на предочените проблеми.