Денес во просториите на УЈП, РД Скопје, се одржа Конститутивната седница на Советот за даночна усогласеност во која членува и Комората на сметководители.
Комората ја поздравува идејата за конституирање на Советот и планира активно да учествуваат во работата на истата со давање на предлози и сугестии во насока на постигнување на поголема усогласеност меѓу даночните закони и праксата, подобрување на ефикасноста при давање на услугите кон даночните обврзници од страна на Управата и подобрување на општата бизнис клима во Македонија.