Вчера, во просториите на ДПИ се одржа средба на претставници на Комората со директорот на институцијата, г-дин Влатко Стојкоски.

Состанокот помина во исклучително конструктивен и динамичен дијалог и сите присутни беа целосно посветени на дефинирање на главните заеднички предизвици и давање предлози за нивно надминување.

Исклучително среќна околност е што г-динот Стојкоски објективно ја гледа моменталната состојба ан терен и искрено, чесно и целосно посветено работи во насока на подобрување на истата.

Делегацијата на Комората предводена од претседателот, г-дин Грозданов, се согласи со константацијата на директорот на ДПИ, дека во иднина вакви средби треба да се одржат и на локално ниво, со претставници на регионалните канцеларии на ДПИ и засегнати членки на Комората од внатрешноста на државата.

Соработката меѓу двете организации во иднина ќе се интензивира.