До:
- Влада на РМ
- Министерство за труд и социјална политика
- Државен Инспекторат за труд
Број: 0302-1/24 Датум:22.04.2024
Почитувани,
По добиени бројни реакции и прашања од страна на нашите клиенти од стопанството, во отсуство на објава на правен акт во Службен весник, а по дадени известувања за донесени Одлуки на 14 и 16 седница на Владата (повторно без објаснување на изворна документација), Ве молиме за појаснување однос на тоа дали деновите кога ќе cе одржуваат претседателски и парламентарни избори cе прогласени за неработни денови за приватниот сектор?
Доколку одговарот на прашањето е позитивен, Ве молиме за дополнително појаснување за правниот основ на Одлуката, како и за тоа дали има можност работодавците истите да ги пријават како работни денови со соодветна пријава до Државниот инспекторат за труд и дали доколку истите денови се работи, на работниците коИ би работелет треба да им се исплати надоместок с согласно чЛ. 24 оде Општиот, колективен договор- за приватниот сектор од областа на стопанството (ОКД), како додаток за работа на празници и неработни денови утврдени со закон?
Појаснувањето го бараме како опслужувачи на приватниот сектор во делот на пресметка и декларација на плати, согласно Законот за работните односи, ОКД Законот за придонеси од задолжително социјалнот осигурување, Законот за данок на личен доход и останатите релевантни закони а со цел правилна пресметка на платите на работниците за предметните денови.
Комората на сметководители на Македонија во континуитет активно се залага за унапредување на соработката со сите релевантни институции и во таа насока, а имајќи ја во предвид чувствителноста на ситуацијата го доставуваме ова Барање за информација со надеж за навремен одговор од Ваша страна.
За дополнителни информации ви стоиме на располагање
Лица за контакт:
- Благоја Грозданов, 070/221-165
- Александра Андреева, 078/746-554
- [email protected]
Во очекување на Вашиот одговор, однапред Ви благодариме