Политика на приватностПриватност
Последна промена: 30.05.2024 07:15
Согласно Законот за заштита на личните податоци, www.smetkovoditel.com e посветена на сочувување на приватноста и заштитата на личните податоци на посетителите на оваа Веб-страница. При посетата на интернет страницата која е предмет на оваа политика на приватност не се прибираат никакви лични податоци! Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како на пример пополнување на формуларот (пристапницата) за членство во Комора на Сметководители на Македонија. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Чии податоци собираме:
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
- Посетители на нашата интернет страна smetkovoditel.com. Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на безбедноста на страната.
- Баратели и други физички лица во врска со поднесување на апликација, и други форми (Пристапница за членство во Комора на сметководители на Македонија).
- Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Категории на податоци кои се обработуваат
Податоци за навигација При посетата на нашата интернет страна, се зачувуваат следните податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса.
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел.
- Вашиот оперативен систем.
- Видот на пребарувачот и верзија.
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го минувате на секоја страна.
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната smetkovoditel.com.
- Јазикот на пребарувачот кој го користите.
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат: Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страница, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања во формите за аплицирање (Пристапница за членство во Комора на сметководители на Македонија); Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци:
- во Пристапницата за членство во Комора на сметководители на Македонија:
-
- Основни информации за претпријатието: Полн назив на претпријатието, скратен назив на претпријатието, адреса/место, телефон за контакт, емаил, интернет адреса, матичен број, главна дејност по НКД, дејности, број на вработени во момент на пристапување, лице кое се делегира како претставник на компанијата во собранието на комора на сметкводители
- Информации за управител и делегитрано лице: Управител: Име и презиме, E-mail, Телефон, Делегирано лице: Име и презиме, E-mail, Телефон
- Месечна чланарина според категорија, Со пополнување на горенаведените податоци се согласуваме да стапиме во членство ВО КОМОРА НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи: Категориите на корисници на лични податоци: Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната www.smetkovoditel.com, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности. Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица.
Обработка на личните податоци
Пополнетите формулари чии што содржат лични податоци во делот „Формулар/Пристапница за членство во Комора на Сметководители на Македонија“ се испраќаат по пат на е-пошта, при што истата порака е енкриптирана (шифрирана) преку STARTTLS, што спречува читање на пораката од трети лица освен примачот/ите на пораката. По испраќање на пополнетите формулари чии што содржат лични податоци, истите се обработуваат од страна на одговорно лице. Време на чување на собраните податоци: Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката, односно 60 дена или додека самите автоматски не се избришат. Објавување на лични податоци: На интернет страницата www.smetkovoditel.com, може да бидат објавени податоци и фотографии, кои по својата природа се најчесто јавни. Доколку субјектот на личните податоци утврди дека податоците се неточни т.е. сака да бидат корегирани или отстранети од интернет страната, може да побара нивно корегирање, односно бришење согласно со Процедурата за право на пристап, исправка и бришење на личните податоци. Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци при електронско пополнување на формите за аплицирање (Формулар/Пристапница за членство во Комора на Сметководители на Македонија и слично),
- право на пристап до личните податоци,
- право на исправка и бришење на личните податоци,
- право на ограничување на обработката на личните податоци,
- право на приговор.
Ако сметате дека начинот на кој www.smetkovoditel.com ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање преку нашата веб страна или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.
Офицер за заштита на лични податоци:
Александра Андреева
[email protected]