back to top

Зошто постоиме?
ЗОШТО ПОСТОИМЕ?

Едноставно е.

Ние сме тука за да бидеме гласот на сметководителите и да бидеме трн во окото на оние кои се обидуваат да ја деградираат или занемат професијата, да го опструираат напредокот на бизнис заедницата или да ги нарушат фер пазарните текови во дејноста.

Ние сме тука за да помогнеме во растот и развојот на на нашите членови и да овозможиме максимални бенефити од вмрежувањето, како размена на знаења, искуства и најдобри деловни практики меѓу членовите.

Ние сме тука и за да се бориме за достоинството на колегите и на крајот на денот, ние секогаш сме биле и секогаш ќе сме тука да ги заштитиме интереси на бизнис заедницата!

Силата е во здружувањето!

Комора на сметководители Зошто постоиме?

Стратешки цели

Нашите главни долгорочни цели се:

Членство во меѓународни организации

Комората на сметководители на Македонија да стане член на глобалното сметководствено семејство - IFAC.

Либерализација на можноста за професионално здружување

Либерализација на пазарот за професионална здружување на сметководителите кај нас, така што бизнис заедницата ќе може доброволно да избира во кое професионално здружување да членува, наместо членувањето да биде монополизирано по сила на закон.

Акт за минимален надомест на трошоци за сметководствени услуги

Дијалог со институциите во насока на подготовка на измени во релевантната правна рамка која ќе овозможи конечно иницирање на постапката за носење на акт за дефинирање на минималниот надоместок за сметководствени услуги кој е од особена важност за колегите од помалите места во Македонија.

Борба против сивата економија

Беспоштедна борба против сивата економија во секторот и се што ги нарушува фер пазарните услови на пазарот за сметководствени услуги!

Стратегија
СТРАТЕГИЈА

Како ќе ги постигнеме нашите цели и ќе ја оправдаме поентата на нашето постоење?

Повеќето сметководствени компании кај нас се фамилијарни, мали и микро бизниси. Но, тоа што секторот е полн со мали бизниси не значи дека истиот е безначаен. Напротив - сметководителите најчесто се одлично поврзани и можеби и самите не се свесни за своето влијание.

Стратегија
  • Континуирана комуникација со институциите и сите релевантни субјекти кои имаат значење за работењето на сметководителите.

  • Медиумска презентност за подигањето на свеста за проблемите на бизнис заедницата.

  • Борба против сивата економија преку комуникација со институциите и со другите стопански субјекти.

  • Организација на настани за неформална дружба и вмрежување меѓу колегите каде ќе бидат поканети и претставници на институциите.

  • Организирање на настани за размена на искуства, знаења и експертиза и организација на база податоци со релевантни содржини за работата на колегите.

  • Бесплатна правна помош за сите членови.
    За сите наши членови кои се нашле во непосакувани конфликтни ситуации со претставници на институциите, клиенти, соработници и сл., а во насока на заштита на нивните интереси нудиме бесплатна правна помош која во најмала рака ќе ви помогне да се насочите кон правилно решавање на проблемот во рамки на дефинирани правни постапки.